ВЕСТИСВЕТ

Фејсбук обвинет дека „не е безбедна средина“

Невладината организација „Репортери без граници“ со седиште во Париз, поднесе тужба против Фејсбук во Франција, обвинувајќи ја познатата платформа дека не обезбедува безбедна средина за корисниците, прекршувајќи ги сопствените услови. Како што наведоа, измамата на потрошувачите според француските закони е незаконска и компаниите се соочуваат со казни до 10 проценти од годишната продажба, доколку се утврди дека ги кршат правилата, пренесува Ројтерс.

Advertisements

Во тужбата поднесена во понеделникот до обвинителите во Париз се тврди дека Фејсбук дозволил ширење дезинформации и закани и покрај ветувањата до корисниците дека ќе создаде безбедна и слободна средина на професионален начин.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button