

Алсат
25.06.2020 16:06
Според турските медиуми, скаутите на Фенербахче се во „лов“ на Омар Имери, талентираниот фудбалер на Шкендија. Челниците на турскиот тим сметаат дека можат да го повторат истото како во случајот со Елиф Елмас, кога во 2017 година на Работнички му ја платија само сметката за тренингот на Елмас, а потоа на Наполи му го продадоа за 16 милиони евра. Скопјанецот Имери оваа сезона имаше 20 настапи за тетовскиот тим, постигнувајќи 5 голови.