
Феникс Санс направи еден од најголемите пресврти оваа сезона откако на гостувањето кај Лос Анџелес Клиперс имаше 21 поен негатива, а сепак успеа да триумфира. Домаќините одлично го почнаа мечот, имаа +17 на крајот од првата четвртина (37-20), а највисоката предност изнесуваше 77-56 на почетокот од третиот период.
Оттогаш почна големиот пад на Клиперс и мега-пресвртот на Феникс. Со серија од 33-12, до крајот на таа четвртина стигна до израмнување на 91-91, а во последните 12 минути ја презеде контролата над резултатот и на крајот славеше со 125-119.
Човек на одлука беше Девин Букер кој постигна 40 поени и го засени Џејмс Харден кој оствари трипл дабл со 25 поени, 13 асистенции и 10 скока.
За Феникс ова е четврта победа во новата сезона со што застана на третата позиција на табелата во Западната конференција, додека Лос Анџелес Клиперс е 11. со биланс 2 победи и 3 порази.
РЕЗУЛТАТИ
Мемфис – Милвоки 122-99
Далас – Хјустон 102-108
Јута – Сан Антонио 88-106
ЛА Клиперс – Феникс 119-125