СПОРТФОРМУЛА - 1

Ферари со нов, но и полесен болид во 2024 година

Техничарите на Ферари работат на новиот болид, а италијанските медиуми истакнаа дека Скудерија за сезоната во 2024 година ќе има новитет.

Advertisements

Новитетот не е потврден од тимот, меѓутоа станува збор за тежината на болидот кој го носи името 676. Според информациите од Маранело, новиот болид на Ф1-екипата ќе биде на границата на минималната тежина од 798 килограми.

Причината за такво нешто е подобар баланс и подобри резултати во однос на ланската сезона кога болидот на Ферари СФ-23 бил шест килограми над минималната тежина и тоа му беше една од слабите страни. Ферари сака да се врати на Ф1-тронот, а новиот болид ќе има далеку подобри спецификации.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button