СПОРТФОРМУЛА - 1

Ферстапен: Пјастри не греши, едноставно е неверојатен

Четирикратниот последователен шампион Макс Ферстапен имаше пофални зборови за најбрзиот човек во Саудиска Арабија, Оскар . Суперталентираниот возач на Мекларен победи на трката за Големата награда на Бахреин и Саудиска Арабија со разлика од само една недела, а исто така беше на највисокото скалило на подиумот во Кина.

Advertisements

Овие резултати беа доволни да се најде на чело на трката за пехарот наменет за најдобриот возач светот, пред клупскиот колега Ландо Норис. Неговото фантастично возење го коментираше и холанѓанецот, кој во Саудиска Арабија заврши зад австралиецот.

„Го кажав тоа и порано, луѓето понекогаш забораваат, минатата година му беше само втора сезона, сега е во третата. Тој е многу солиден и крајно смирен во пристапот, ми се допаѓа тоа. Тоа го гледате на патеката, речиси и не греши. Тоа е токму она што треба да го направите ако сакате да се борите за титулата. Многу му помага што го има Марк Вебер со него“, изјави Ферстапен.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button