ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Фетаи го откри сценариото на ДУИ за уништување на коалицијата ВЛЕН

Фетаи го откри сценариото на ДУИ за уништување на коалицијата ВЛЕН

Вицепремиерот Арбен Фетаи, кој е дел од групата Алијанса за Албанците која не ја напушти владата, синоќа во интервју за Алсат го откри сценариото на ДУИ со цел да се уништи коалицијата ВЛЕН со тоа што ќе ја намами Алијанса за Албанците нудејќи ѝ неколку општини.

Advertisements

„Сценариото беше да се предизвика политичка криза, како што реков во рамките на парламентарното мнозинство, веднаш да се предизвикаат предвремени парламентарни избори и земјата да оди на двојни избори, локални и парламентарни. Ова е планот. Имплементацијата на овој план се одвиваше преку соработка помеѓу Алијанса за Албанците и ДУИ. Во замена за оваа услуга што им се пружи на Али Ахмети и ДУИ за враќање на власт, Алијанса за Албанците требаше да освои 6 општини. Поточно, се зборуваше за Липково, Сарај, Теарце, Врапчиште, Гостивар и Струга. Значи, цената на враќањето на Али Ахмети беше да му ги даде овие 6 општини на г-дин Таравари”, изјави Арбен Фетаи, вицепремиер.

Сепак, според Фетаи, планот подготвен од бегалецот Артан Груби не успеа, а за тоа сведочи фактот дека Арбен Таравари, по напуштањето на владата, зел само мала група членови.

„Всушност, околу него е собрана мала група луѓе, главно луѓе од внатрешното раководство на партијата кои, од одредени интереси, го избрале овој пат, што е пат на услуга што требаше да ѝ се направи на ДУИ, план замислен во Мала Речица, замислен од Артан Груби кој е на американската црна листа, но кој за среќа, поради мобилизацијата и отпорот на структурите на Алијанса за Албанците и поддршката на нашите регионални и меѓународни партнери, не успеа“, рече Арбен Фетаи, вицепремиер.

Во врска со локалните избори, Фетаи нагласи дека во октомври, албанските партии ќе се натпреваруваат во два блока, односно помеѓу ВЛЕН и ДУИ.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button