ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Фетаи, Рустеми од СЈО и шефот на ОЈО-Скопје, Рајчев, избрани за виши обвинители

Пет поранешни обвинители во Специјалното обвинителство добија унапредување. Обвинителите Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми се избрани за јавни обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје. Додека обвинителите Лиле Стефанова, Артан Ајро и Трајче Пеливанов се избрани за јавни обвинители во Обвинителството за гонење на организиран криминал. За јавни обвинители се кандидираа и други јавни обвинители од загасното СЈО, но нив не ги избра Советот на јавни обвинители.
Скопското обвинителство останува без шеф, бидејќи актуелниот Сашо Рајчев денеска беше избран за јавен обвинител во Вишото јавно обвинилство Скопје. во ова обвинителство уште се избрани Наум Пановски и Снежана Бундалевска Георгиевска.
Во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција се избрани и Наташа Поп-Трајкова и Катерина Коларевиќ. Сите јавни обвинители кои денеска беа унапредени, беа едногласно избрани од членовите на телото кое именува, унапредува и разрешува јавини обвинители.
Со овој избор се потврди листата на кандидати кои треба да се унапредат, а вчера ја објави Алсат.