ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ФФМ: „Балистите“ самоиницијативно го напуштија стадионот

ФФМ: „Балистите“ самоиницијативно го напуштија стадионот

Извештајот на делегатот на натпреварот Брера-Шкендија ги отфрла тврдењата на навивачката група „Балисти“ дека полицијата ги отстранила од трибините на стадионот во Струмица. Во извештајот кој го обезбеди АЛСАТ, делегатот на овој меч Драган Јованов вели дека навивачите дошле во своја организација и нивното доаѓање не било најавено. Тој го потврдува поставувањето на знамето, но не и дека навивачите биле отстранети од полицијата или делегатот на натпреварот.

Advertisements

„Во 13. минута од натпреварот беа извадени две знамиња, едното навивачко знаме испишано на албански јазик, а другото поголемото знаме на друга држава, односно на Република Албанија, што предизвика реакции кај домаќините. Комесарите за безбедност на двата клуба и МВР одговорни за натпреварот, во 13. минута од натпреварот беа предупредени да навиваат правилно и да го бодрат својот тим, без да ја провоцираат публиката, односно да го тргнат знамето на Република Албанија, од оградата на трибината, каде што беше поставено“, се вели во Извештај на делегатот на натпреварот Драган Јованов.

Во извештајот, делегатот на ФФМ Јованов напиша дека „Балистите“ самоиницијативно го напуштиле стадионот и дека при нивното заминување немало никаква провокација, ниту употреба на сила од страна на полицијата.

За разлика од извештајот на делегатот, „Балистите“ на социјалните мрежи напишаа дека си заминале откако добиле наредба да ја напуштат трибината.

Инаку, на натпреварот Брера – Шкендија, контролор на ФФМ беше Делчо Јакимовски од Скопје, додека судиската тројка беше, Александар Грујоски, Куштрим Лика и Даво Цветановски./Алсат.мк

Махир Тачи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button