СПОРТФУДБАЛ

ФФМ ги одреди цените на билетите за Летонија и Фарски Острови

Од понеделник 11 ноември ќе почне продажбата на билетите за натпреварите од Лигата на Нации на Македонија против Летонија и Фарски Острови, цените се 200 и 400 денари.

Македонија на 14. ноември ја пречекува Летонија, а на 17. ноември сме домаќини на Фарски Острови, двата натпревари се играат на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Тоа се двата последни натпревари од оваа сезона во Лигата на нации и се клучни за заверка на првото место.

Цената на влезниците за јужната и северната трибина е 400 денари, за источната и западната по 200 денари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button