СПОРТФУДБАЛ

ФФМ го продолжи договорот со селекторот Благоја Милевски

Фудбалската федерација на Македонија со одлука на Управниот одбор го продолжи договорот со селекторот на македонската сениорска репрезентација, Благоја Милевски.

Advertisements

Актуелниот селектор останува на кормилото на „рисовите“ до крајот на квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство во 2026 година, а евентуалното продолжување на договорот ќе зависи од резултатите кои Македонија ќе ги оствари во квалификациската група, како и во следниот циклус од Лигата на нации.

„Фудбалската федерација на Македонија, како и досега, ќе даде полна поддршка за селекторот Благоја Милевски и репрезентацијата. Се радуваме на новите предизвици и успеси. Длабоко сме убедени дека со голема страст и амбиција, селекторот и неговиот тим ќе продолжат да работат за напредок на македонскиот репрезентативен фудбал.

Изминатите неколку месеци и натпреварите кои ги одигра македонската А репрезентација ни потврдија дека заеднички сме на вистинскиот пат. Во тимот се чувствува енергија и амбиција за нови големи резултати и уверени сме дека тоа е неверојатен мотив за работата во иднина“, стои во ставот на Управниот одбор на ФФМ.

Иако последниов период наиде на жестоки критики од јавноста, селекторот Милевски сепак оствари неколку значајни резултати со репрезентацијата, а тоа беше доволен сигнал за луѓето во ФФМ да му укажат доверба и за следниот циклус. Благоја Милевски го наследи на клупата Игор Ангеловски, со кого Македонија за првпат во историјата се претстави на едно големо натпреварување – Европското првенство во 2021 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button