ВЕСТИЕКОНОМИЈА

„Фич“ го потврди рејтингот на земјава „ББ+“ со негативен изглед

Кредитната агенција „Фич“ го потврди рејтингот на земјава на „ББ+“ со негативен изглед. Потврдата на рејтингот се должи од една страна на спроведувањето на добри политики на владеење, развој на човечкиот капитал, индикаторите за поволна бизнис-клима, кохерентноста на макроекономската и фискалната политика, како и процесот на евроинтеграции. Од друга страна се негативните ефекти на Ковид-кризата врз економијата, соопшти Минитсерството за финансии.

Кредитната агенција проектира пад на македонската економија во 2020 година за 5% и опоравување на економијата во 2021 и 2022 година со раст од 3,9% и 4,5% респективно. Очекувањата се дека во следниот период ќе се зголемат инвестициите и ќе зајакне приватната потрошувачка. Од „Фич“ наведуваат дека текот на опоравувањето ќе биде зависен од текот на здравствената криза, односно дали во земјата ќе има нови мерки кои ќе влијаат на затворање на капацитетите, но и каква ќе биде надворешната побарувачка со оглед на економскиот модел на македонската економија базиран на извозот од странските директни инвестиции во земјава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button