СПОРТФУДБАЛ

ФИФА експресно одговори: Не се точни информациите дека ќе се воведува син картон

ФИФА експресно одговори на вчера појавените шпекулациите за воведување син картон на фудбалските натпревари.

Advertisements

Светската фудбалска федерација јасно стави до знаење дека извештаите за таканаречениот син картон на врвните фудбалски нивоа се неточни и предвремени.

„Секое такво тестирање, доколку се спроведе, треба да се ограничи на одговорно тестирање на пониски нивоа. ФИФА ќе се придржува до овој став кога ќе разговара за ова прашање на годишното генерално собрание на ИФАБ на 2. март“ – се вели во соопштението на ФИФА.

Како што е познато, вчера се појавија информации дека од следната сезона на фудбалските натпревари ќе биде воведен син картон. Фудбалерот кој ќе добие син картон ќе биде надвор од игра десет минути поради груб прекршок или несоодветно однесување и потоа се враќа во игра./Ekipa.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button