![](https://alsat.mk/mk/wp-content/uploads/2020/08/Mesi-the-best-780x470.jpg)
ФИФА ги објави кандидатите за наградата Бест која светската фудбалска организација ја доделува на најдобриот играч во тековната година.
Во конкуренција се 11 фудбалери меѓу кои и освојувачот на Златната топка, Родри кој се смета за најголем фаворит, заедно со Винисиус.
Сепак, изненадување меѓу номинираните е Лионел Меси кој повторно се најде во кругот на најдобрите и покрај тоа што немаше особено индивидуални резултати во 2024 година и покрај тоа што со аргентинската репрезентација триумфираше на Копа Америка.
Во гласањето за најдобар играч во изборот на ФИФА учествуваат капитените и селекторите на сите репрезентации од светот, плус определени новинари од секоја држава.