СПОРТФУДБАЛ

ФИФА го суспендира Лирој Сане за следните три меѓународни натпревари

Меѓународната Фудбалска Федерација (ФИФА) го суспендираше репрезентативецот на Германија, Лирој Сане за следните три меѓународни натпревари. Крилниот напаѓач доби црвен картон на пријателскиот натпревар со Австрија, кога се обиде физички да се пресмета со Филипе Мвене. Германците го загубија мечот во Виена со резултат 2:0.

Advertisements

Сане ќе ги пропушти пријателските натпревари на репрезентацијата пред почетокот на Европското првенство во Германија. Германскиот фудбалски сојуз соопшти дека ќе се жали на оваа одлука. Доколку казната остане на сила, селекторот Јулијан Нагелсман нема да може да игра со Сане пред Европското првенство, а се очекува тој да биде еден од предводниците на тимот на завршниот турнир.

Германија го отвора Европското првенство на 14 јуни во 21 часот против Шкотска во Минхен и дури тогаш Сане ќе може повторно да игра за националниот тим.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button