
Светската фудбалска федерација ФИФА ја укина забраната за трансфери на францускиот клуб Лион, и така тимот сега може повторно да носи засилувања.
Претходно беше објавено дека некогашниот француски првак не може да регистриа нови играчи во следните три преодни рока поради долг од неверојатни 2.238 евра.
„Л’Екип“ пренесува дека долгот е платен, и сега Лион нема повеќе забрана. Екипата имаше забрана поради долг за трансферот на играчот Амин Сар од Херенвен во јануари 2023 година.