Фијаско на состанокот на Комисијата за историја за отворените прашања меѓу Софија и Скопје

Нула резултат од напнатиот, дводневен состанок на Заедничката комисија на историчари на Македонија и Бугарија. Со постојани судири за време на заедничката прес конференција, претставниците на двете страни ги потврдија големите разлики не само за суштинските прашања, туку и за техничките, за кои не можеа да ги усогласат своите позиции.
„Денес е постигнат 0 напредок, дури ни мал чекор. Се појавија технички проблеми, при што нашите колеги одбија да го потпишат записникот, инсистирајќи на тоа, терминот „македонски“ да се користи насекаде. Со блокирање на потпишување на записникот од претходните два состанока, работите изгледаат несигурни, недостасува желба за сериозно работење. Многу, многу сме далеку од завршување на работата за учебниците за шестто одделение, за средновековниот период. Оваа единаесетта средба покажа дека се движиме како желка, нема желба за договор “.
Не само што не беше направен напредок за средновековниот период, уште помалку се постигна и за ликот и делото на Гоце Делчев, за кого се дискутираше само во последниот половина час. Овој пат, страните се судрија и за периодот на Цар Самоил, за кој во принцип за време на претходните состаноци се согласија да го одбележат заедно. Меѓу другото, Димитров додаде дека бугарските историчари не зависат од бугарската политика, но дека Македонија треба да направи самокритична анализа на југословенското минато.
Anesa Salihu