ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Филипче: Антиевропски заем од Обединетото кралство

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја критикуваше Владата за договорот за заем со Обединетото Кралство, оценувајќи го начинот на заем како антиевропски. Тој истакна дека големите задолжувања за инфраструктурни проекти го оптоваруваат идниот развој на државата, додека економијата се соочува со зголемени трошоци за живот.

Advertisements

„Владата има обврска да ги објави сите информации. Апсолутно го поддржуваме договорот за стратешка соработка, но начинот на заемот за вакви проекти ја бележи оваа влада како антиевропска“, изјави Филипче.

Според него, големиот кредит за брзата железница север-југ, иако потребен за државата, отвора прашање за неговиот приоритет.

„Се става акцент само на Коридор 10. Да се земаат толкави кредити, а паралелно да се блокира европскиот пат, е некоректно. Се задолжуваат идните генерации за инфраструктурни проекти“, додаде Филипче.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button