ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Филипче: Бројката на новозаразени во моментот се намалува

Министерот за здравство Венко Филипче денеска при посетата на Поликлиниката во Шуто Оризари истакна дека многу од предвидувањата околу пандемијата не се оствариле.

Advertisements

Меѓутоа, уверува дека бројката на новозаразени во моментот се намалува, а болниците се полупразни.

-Значајно се намалува „R“ факторот на преносливост и значајно се намалува бројот на пациенти кои треба да се хоспитализираат. Болниците ширум државата се полупразни. Некои од нив беа и без слободни места, некои со 5 до 10 отсто слободен. Сега повеќе не е така. На Инфективната клиника после сериозно долг временски период има над 30 кревети и на Интерните клиники над 100 кревети слободни, вели Филипче.

Појаснува дека подолг период бројот на слободни кревети на Интерните бил околу 20 и 30.

-Очигледно е дека се намалува притисокот и спласнува притисокот кон Центрите за тестирање и кон болниците. Можно е да има и некој мини пик и понатаму. И како и секогаш досега веројатно би се должело на непочитување на мерките. Меѓутоа, морам да потенцирам дека еве овие последни препораки, со затворањето на угостителските објекти очигледно е дека имаме сериозен, значаен ефект во намалувањето на бројот на новодијагностицирани случаи. Верувам и дека граѓаните ќе бидат свесни и совесни во перидот што престои, рече Филипче.

Според него, полицијата ќе работи интензивно за време на Новогодишните празници и на тој начин ќе се избегне евентуална нова криза во здравствениот систем.

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button