МАКЕДОНИЈА

Филипче: Државите не треба да прават дискриминација по однос на типот на примена вакцина

Иако ЕУ сѐ уште се нема официјално изјаснето дали лицата вакцинирани со руската или со кинеската вакцина ќе може да влегуваат слободно на територија на Унијата, министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека според него во една ваква глобална ситуација со дефицит на вакцините, никој не би требало да прави дискриминација по таа основа. Во неговото вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, Филипче најави дека во секој случај Грција ќе ги пропушта лицата кои примиле кинеска вакцина.

Advertisements

„Во однос на другите европски земји нема конкретни информации. Има најави дека можеби ќе ги признаат вакцините коишто се одобрени само од Европската агенција за лекови, меѓутоа, тоа не е дефинитивно потврдено и доколку смеам да кажам мое лично мислење, мислам дека во оваа ситуација, кога тешко се стигнува до вакцините, а има потврда од производителите, од студиите, дека имаат солидни резултати, не треба да се прави дискриминација по однос на типот на примена вакцина“, рече Филипче.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button