ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Филипче ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека се обидува да преземе контрола над судството преку искористување на гневот на граѓаните

Филипче ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека се обидува да преземе контрола над судството преку искористување на гневот на граѓаните

Лидерот на СДСМ Венко Филипче ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека се обидува да преземе контрола над судството преку искористување на гневот на граѓаните. Според лидерот на македонската опозиција, ниту една влада во последните 3 децении не направила доволно за вистински реформи во судството, но како што вели, неподносливо и недемократско е власта да ја искористува ситуацијата за да го пороби судството. Филипче на прес-конференција рече дека се поставува прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ, сака да го партизира судството за да го заштити криминалот. Лидерот на СДСМ нагласи дека заканите на премиерот дека народот ќе го промени судството се порака дека Мицкоски сака судство по негова желба, а тоа, вели Филипче, ќе ја сведе довербата на граѓаните во судството на нула. Опозицискиот лидер ги повика ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Влен да се освестат и да тргнат по патот на вистинските реформи.

Advertisements

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button