Филипче: Медицинскиот персонал од ковид центрите први во редот за вакцинација

Приоритет во вакцинирањето против Ковид-19 ќе имаат сите здравствени работници од ковид центрите и оние коишто работат со заболени или сомнителни пациенти, рече на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Како што наведе тој, во првите редови за вакцинирање ќе бидат распоредени и следниве групи:
„Граѓаните над 65 години и пациентите со хронични болести, во делот на хронични белодробни и кардио-васкуларни болести, понатаму вработените во критичната инфраструктура и секако во транспортот“, рече Филипче.
Министерот додаде дека планот, според медицинските експерти, е 60-70 проценти од популацијата да ја прими вакцината, што би било доволен процент за стекнување имунитет, a првите дози од вакцината се очекува да пристигнат во првите 2-3 месеци од следната година.