ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Филипче најава дека вакцината против коронавирусот може да стане услов за патување во странство

Вакцинацијата против вирусот корона може да биде „виза“ во пасошот на секој граѓанин што планира да патува во странство во иднина. Додека ги чекаме првите дози на анти-ковид вакцината, кои нема да бидат задолжителни, здравствените власти најавуваат дека сите држави можат да го унифицираат условот за таканаречениот здравствен сертификат за патувања за време на пандемијата. Министерот за здравство Венко Филипче, рече дека приоритетот се прави врз основа на висок ризик, но со вакцинирањето на здравствените работници ќе се зголеми убедувањето кај граѓаните дека вакцината е единствениот излез од пандемијата.

Над 60% од здравствените работници изразија подготвеност да бидат вакцинирани, но во првиот контингент што се очекува да пристигне во февруари, ќе има само 5.850 дози. Властите соопштија дека ќе им се даде приоритет на лекарите, медицинските сестри и оние во ковид центрите и одделенијата за инфективни болести, каде што се лекуваат пациентите од коронавирус. Додека првите дози на вакцини се во мал број, опозицијата со високи дози на обвинувања против Владата. Од Алтернатива сметаат дека е неодговорност на власта да се покрие само 2% од населението со вакцини.

Алтернатива

„По информацијата дека Владата обезбедила вакцини за околу 3000 граѓани, кои ќе дојдат во март, а другите не се знае кога, можеме слободно да заклучиме дека оваа влада само за интересите на народот не работи. Оваа количина на вакцини е веројатно планирана за партијата на Заев и неговите филијали. Ослободувањето од оваа влада, ако не за друга причина, барем заради ова, веќе стана обврска ”.

Здравствените власти објавија дека околу 6.000 дози ќе пристигнат во февруари, но засега ништо од грчко-бугарските донации. Досега предвидените 800 илјади дози, систематски ќе стигнат во текот на 2021 година. Вчера премиерот Зоран Заев рече дека вакцините можат да дојдат во јануари само доколку ЕУ се солидаризира со Западен Балкан. Останува побарувачката на земјите од регионот 5% од дозите што ја имаат земјите-членки на ЕУ да ни ги испратат во првиот контингент, така што преку системот Ковакс и на други начини, вакцинацијата да тече континуирано до имунизација на населението.

 

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button