Филипче најави дека полицискиот час во земјава од 22 до 5 часот наутро ќе продолжи и во наредните две недели

Полицискиот час во земјава од 22 до 5 часот наутро ќе продолжи и во наредните две недели, додека во случај на влошување на состојбата може да има и други ограничувачки мерки. Ова го соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
„Врз основа на бројот на нови позитивни случаи и пациентите примени во болници последните денови и врз основа на бројот на слободни легла, ставот е дека од утре ќе продолжат да се применуваат истите мерки како и досега, што значи дека останува на сила полициски час од 22 до 5 часот наутро. За други можни мерки ќе зборуваме во текот на неделата, врз основа на тоа што ќе се случи во наредните денови “.
Во меѓувреме, во последните 24 часа, битката со коронавирусот загуби уште 25 лица, на возраст од 61 до 91 година. Петмина од починатите пациенти се од главниот град, тројца од Тетово, две од жртвите се регистрирани во Гостивар, Прилеп и Кавадарци, додека по една жртва се регистрирани во градовите Штип, Велес, Охрид, Струга, Кочани, Неготино, Гевгелија, Крива Паланка, Пробиштип, Валандово и Кратово.
Во меѓувреме, од извршени 2730 тестови во последните 24 часа, 642 лица се позитивни, од кои 321 само во главниот град.
Бројот на излечени пациенти во последните 24 часа е 524. Во моментов има 15 илјади и 131 активни случаи.
Adnan Qahili