ВЕСТИЗДРАВСТВО

Филипче не чувствува вина за случајот „Онкологија“

Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз и поранешен министер за здравство, Венко Филипче денеска соопшти дека не чувствува вина за случајот „Онкологија“, одговарајќи на новинарско прашање за обвинувањата од владејачката партија дека треба да се истражи неговата улога во предметот, како прв човек на ресорот здравство во тоа време.

Advertisements

„Апсолутно не чувствувам вина. Добро е што има процес. Излезе обвинението. Започнува судски процес. Добро е да ја знаеме вистината. Прво да почекаме и да видиме што ќе покаже тој процес. Сепак, на виделина излезе една лажна кампања што ВМРО-ДПМНЕ ја водеше преку анкетната комисија, на која изнесоа лаги и клевети дека во рамки на ингеренциите на Министерството за здравство некои работи не сум извршувал. Јас покажав документи дека тоа не е така, и дека сите обврски се извршувани, дури и во најтешките ковид времиња“, рече тој.

Смета дека секој што го прекршил законот треба да одговара.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button