ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Филипче: Не можеме сите да страдаме затоа што некој не се вакцинира

Од септември или октомври најверојатно ќе има нови рестрикции, бидејќи не можеме сите да страдаме затоа што некој не се вакцинира, рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче, интересот за вакцинација против ковид-19.

Тој рече дека државата е далеку од колективен имунитет и апелираше граѓаните да се вакцинираат, бидејќи вели, само на тој начин може да се избегне втор бран на пандемијата.

„Ние бевме свесни дека во еден момент ќе се соочиме со антивакцинална кампања, како кога беше актуелна епидемијата со морбилите. Тогаш веднаш интервениравме и се сузби преку вакцинацијата и забраната децата да се примаат во градинки и училишта. Тоа треба да е доказ колку моќно оружје е вакцината во борба против пандемија. Ги пратиме другите земји, нема некоја голема разлика во бројките…најголем опфат кај нас има во поголемите градови, Скопје, Охрид, Битола…“, рече Филипче.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button