ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Филипче: Нека не води победничкиот дух на 11 Октомври во сите битки и одлуки кои се пред нас

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче преку видео обраќање, упати порака до граѓаните по повод 11 Октомври, Денот на народното востание,  во која прави паралела на партизанската борба за слобода и сопствена држава во 1941 и денешната битка пред која се исправени граѓаните и државата.

Advertisements

-Денеска нашите граѓани и нашата држава повторно како и тогаш се наоѓаат пред нови битки и историски одлуки. Ако тогашната битка беше за слобода и човечки правдини, денешните битки се за стабилна, интегрирана и просперитетна Македонија. Нашиот просперитет можеме најдобро да го реализираме интегрирани со нашите европски сојузници како полноправна и рамноправна членка на Европската Унија, вели Филипче во своето обраќање.

За жал, констатира Филипче, актуелната власт е првата македонска влада што свесно се откажува од европската иднина на земјата што е определба на многу генерации. Според него, членството во Европската Унија е стратешка цел и никој не смее да им го одземе ова право на граѓаните.

-Наместо храбро да се бори за остварување на нашиот сон таа го турка народот во самосожалување и откажување од остварување на нашите цели. Токму затоа на овој светол ден клучното прашање кое треба да го поставиме е дали ќе ја извојувавме слободата доколку бевме малодушни и западневме во самосожалување тој октомври 1941 година наместо храбро да се соочевме со предизвикот на борбата? Одговорот на ова прашање веќе го даде историјата, истакна Филипче.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button