ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Филипче: Новите мерки нема да почнат утре, ќе дадеме разумен рок

Ни утре, ни задутре нема да почнат новите мерки за влез и излез од државата. Ќе дадеме дадеме разумен рок – дали тоа ќе биде една недела или десетина дена, ќе соопштиме утре. Имаме предвид дека многу од нашите граѓани се на одмор, а други допрва треба да одат. Не сакаме да им предизвикаме дополнителен финансиски трошок, рече вечерва министерот за здравство, Венко Филипче.

Advertisements

Министерот Филипче објасни дека и странските државјани и нашите, ќе треба да приложат PCR тест не постар од 72 часа, сертификат дека ја прележале болеста стар 45 дена или потврда дека се вакцинирани. Притоа, за децата нема да важи задолжителен PCR тест.
Филипче повтори дека вакцинацијата е единствениот механизам за излез од корона кризата. Со примени две дози, напомена, за 20 пати е намален ризикот од смртен исход ако некој се зарази.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button