ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Филипче, Петровска и Деспотовски поднесоа кандидатури за претседател на СДСМ

Венко Филипче, Славјанка Петровска и Јован Деспотовски официјално ги поднесоа своите кандидатури за претседател на СДСМ. Заедно со кандидатурите,ги доставија и  програмите, а врз основа на кои бараат поддршка од сопартијците на внатрепартиските избори на 30 јуни.

Advertisements

Поранешниот министер за здравство Венко Филипче вети дека доколку биде избран за претседател ќе работи посветено, достоинствено и професионално.

Поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка, Славјанка Петровска рече дека доколку биде избрана за претседателка, ќе се фокусира на консолидирање на внатрепартиските редови согласно принципите на социјалдемократите.

Додека досегашниот директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Јован Деспотовски рече дека доколку  биде избран за претседател, нема да прифати ниту една друга функција во партијата.

Внатрепартиските избори во СДСМ доаѓаат по поразот на партијата на изборите на 8 мај и оставката на Димитар Ковачевски од претседателската функција.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button