МАКЕДОНИЈА

Филипче по средбата со Кос: Потребен е национален консензус за евроинтеграциите

Не е време за калкулации и ситнопартиски интереси, туку време во кое секоја партија треба да даде сè од себе за да продолжиме по евроинтеграцискиот пат – порача лидерот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче, по средбата што попладнево ја оствари со еврокомесарката за проширување Марта Кос, која е во посета на земјава.

Advertisements

На новинарско прашање дали е можен национален консензус во врска со недопирање на македонскиот идентитет и јазикот како прв чекор за политичко обединување, Филипче вели дека не само што е потребно, туку е неопходно.

„Неколку пати во изминатиот период, а сега и во контекст на извештајот повикувам да седнеме заедно, точно да дефинираме кој е начинот на којшто сите политички чинители треба да соработуваат за земјата да тргне напред“, рече лидерот на СДСМ.

Средбата со еврокомесарката Кос ја оцени за многу конструктивна и средба со која, како што рече, се докажува континуираната и искрена поддршка на Европската Унија на патот на земјава кон членството во Унијата. Во оваа смисла Филипче нагласи дека СДСМ е целосно посветен на евроинтеграциите како единствен начин за зајакнување на капацитетите и институциите, економијата и правниот систем.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button