МАКЕДОНИЈА

Филипче: Подготвени сме во Парламентот да ги образложиме сите чекори околу менаџирањето на епидемијата

Работиме отворено и транспарентно и секое донесување на какви било мерки е образложено пред јавноста, вели во вечерашното гостување во емисијата „200“ на Алсат, министерот за здравство, Венко Филипче. Запрашан дали чувствува некаква одговорност за високиот број смртни случаи Филипче рече дека здравствените власти направиле сѐ за секој пациент и оти смртноста кај нас не била мошне голема.

Advertisements

„Има многу земји кадешто смртноста е поголема. Силен е бранот, тешка е формата на болеста, дури и кај млади коишто немаат други коморбидитети. Оваа форма на мутација дава ваква форма на болеста“, рече Филипче.

Министерот одговори и на новинарската забелешка дека во некои земји отвориле истраги по големиот број на регистрирани смртни случаи.

„Секогаш сме се воделе и приоритет било јавното здравје. Никогаш не била политиката или некаква калкулација. Сите податоци се на располагање. Сега опозицијата бара некаква дискусија во Парламентот. Спремаме одговор и на тоа, ќе има јавна дискусија по повеќе прашања, има прашања и за менаџирањето на епидемијата. Ќе одговориме на сите“, рече министерот Филипче.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button