ВЕСТИЗДРАВСТВО

Филипче: Помеѓу 79 и 81 отсто од хоспитализираните се невакцинирани

Анализите на Министерството за здравство покажуваат дека помеѓу 79 и 81 отсто од хоспитализираните пациенти со ковид-19 се невакцинирани, вели министерот Венко Филипче.

Ефикасноста на вакцините, потенцира тој, ја потврдуваат многу анализи, за што и споделува податоци од истражувањето на „Цивика мобилитас“. Тие покажуваат дека во последните три и пол месеци има:

14 500 помалку заразени;
4 595 помалку неделни хоспитализации;
вакцинацијата ја намалила хоспитализацијата помеѓу 37,9% и 46,5%;

„Вакцинацијата против ковид-19 е важна и ќе помогне да запре пандемијата. Вакцините функционираат заедно со вашиот имунолошки систем, така што ќе бидете подготвени да се борите против вирусот доколку сте изложени на него. Ковид-19 може да има сериозни, опасни по живот компликации и не постои начин да се знае како вирусот ќе влијае на вас. Со вакцината се штитите себе си, пријателите, семејството и ги штитите другите околу вас“, апелира министерот Филипче.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button