Филипче: Со пристигнатите вакцини први за вакцинирање лицата над 75 години

Мкнистерот за здравство, Венко Филипче, се заблагодари на меѓународните претставници за помошта за транспортот и приемот на вакцините изразувајќи надеж во континуитет на достава на вакцини преку Ковакс механизмот. Како што кажа тој, со овие вакцини први ќе се вакцинираат 20.000 лица над 75 години со хронични болести и согласно местото на живеење ќе биде направена дистрибуција на вакцините во вакциналните пунктови во здравстевните домови.
-Вакцината ќе се чува најпрвин во нашите фрижидери во Скопје, кога ќе се спроведе дистрибуцијата ќе биде во фрижидерите кои веќе постојат во вакциналните пункотови во здравствените домови поради тоа што ова вакцина што се чува на температура од 2 до 8 степени, што значи буквално секој град може да се чува и да се дава понатаму, изјави Филипче.