ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Филипче: Разговараме сите во регионот во еден момент да ги отвориме границите

Разговараме сите во регионот во еден момент да ги отвориме границите со една изедначена политика во однос на PSR тестовите. Идејата е да се отворат границите без PSR тестови, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче во врска со тоа дали македонските граѓани ќе можат да излезат од границите во регионот.

– Земјите-членки на ЕУ имаат само препорака, немаат генерална политика на ЕУ по ова прашање и во таа смисла имаат слобода да одлучуваат каков ќе биде режимот на границите. Точно е дека најавивме во неколку наврати претходните недели дека ќе имаме некаква одлука, но за жал го чекавме одговорот од соседните земји. Конечно одговорија во текот на изминатата недела, профункционира системот на координација, кој сега е поддржан од Американската амбасада во Скопје. Искрено се надевам дека дефинитивно ќе се разменат сите информации и врз основа на тоа што значи точна епидемиолошка ситуација во секоја од земјите од Западен Балкан плус Бугарија и Грција ќе заземеме заедничи став. Комуникацијата се базира на тоа дека превентивните мерки треба да се почитуваат, рече Филипче.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button