ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Филипче: САД и Европските земји немаат забелешка што нарачавме вакцини од Кина

Ниту некоја западноевропска земја, а ниту САД досега немаат упатено никаков приговор до нашите власти поради одлуката за набавка на вакцини од Кина, рече министерот за здравство Венко Филипче во неговото вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат. Како што кажа тој, на состаносите со дипломатските претставници било кажано дека треба да се направи сѐ што може за земјава поскоро да ги добие потребните дози од вакцината.

Advertisements

„Јасно и експлицитно, во нашите многу чести разговори со сите амбасадори на западно-европските земји и САД, беше кажано дека нашата земја треба да направи сѐ и ние тоа го правевме, за што поскоро стигнеме до вакцините“, рече Филипче.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button