ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Филипче се сретна со Силјановска на Водно

Филипче се сретна со Силјановска на Водно

Безбедносните служби и евроинтеграциите беа двете главни теми на средбата меѓу претседателката Гордана Силјановска Давкова, и претседателот на социјалдемократите Венко Филипче. Филипче изјави дека ја информирал претседателката за неговата загриженост за партизираноста на безбедносните институции и ризикот што може да го повлече спојувањето на двете безбедносни агенции.

Advertisements

Филипче преку претседателката бара соработка меѓу Владата и Националниот совет за евроинтеграции во Собранието, кој тој го предводи. Од Владата велат дека треба да го информираат Советот за спроведувањето на Планот за проширување и спроведувањето на реформската агенда. Секое решение кое би ја подобрило позицијата на земјата во евроинтегративниот процес е прифатливо за СДСМ.

Средбата во Вила Водно беше на барање на Филипче и тој ја оцени како добар чекор во унапредувањето на политичкиот дијалог. Од Кабинетот на претседателката Силјановска накратко ги соопштија темите за кои се разговараше.

„Во својство на претседател на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче ја истакна потребата од активна соработка на Советот со Владата во насока на имплементација на Планот за проширување и Реформската агенда. Претседателката го информираше за нејзината визија за европска интеграција и можните решенија за отпочнување преговори со Европската унија“, велат од Кабинет на Претседателката Силјановска.
На прашањето дали сега доаѓа средба со премиерот Мицкоски, лидерот на опозицијата рече дека досега бил фокусиран на внатрепартиските случувања, а сега е отворен за средби./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button