ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Филипче: Сестринската ПЕС на СДСМ најави поддршка за резолуцијата за Македонија во ЕП

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека на сопствена иницијатива разговарал со секретарот на Партијата на европски социјалисти (ПЕС), во чие семејство припаѓа Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Во фокус на разговорот со секретарот на ПЕС, Џакомо Филибек, кој, како што најави Филипче, ќе продолжи и денеска, била резолуцијата во која се потврдуваат македонскиот идентитет и јазик, а која е најавено дека ќе се најде пред пратениците во Европскиот парламент на 4 јуни.

Advertisements

Ова следува откако премиерот Христијан Мицкоски пред два дена ги повика партиите во земјава да лобираат кај своите сестрински партии кои се дел од Европарламентот со цел усвојување на резолуцијата.

Во одговор на новинарско прашање дали ПЕС најавува поддршка за резолуцијата со која се признаваат македонскиот јазик и идентитет, Филипче вели:

„Да, апсолутно ќе има поддршка, но како што кажав детали ќе разговараме денеска. Ги продолжуваме разговорите, да видиме кои се тие конкретни чекори коишто треба да ги направиме, да разговараме со европратениците кои припаѓаат во нашето семејство на демократи и социјалисти.“

Претседателот на СДСМ прашува дали доколку резолуцијата биде прифатена, тоа би било доволна форма на гаранција за премиерот Мицкоски за да се започне процесот на уставни измени.

„Постои впечаток дека владата секогаш има некакви принципи и црвени линии, меѓутоа, ако тие не важат, имаат и други. На почетокот беше одолженото дејство на уставните измени, понатаму беа пресудите во Стразбур, еве сега декларација во Европскиот парламент. Значи, клучното прашање е што е тоа што е доволно“, вели Филипче.

Оцени дека владата на СДСМ направила доволно за заштита на јазикот и идентитетот, а доказ за тоа, како што рече, е што македонскиот јазик е официјално прифатен во ЕУ, без ѕвездички или фусноти.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button