ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Филипче: Сите вакцини се безбедни, би се вакцинирал и со кинеската

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека ќе биде склучен договор за набавка на 200.000 кинески вакцини, а во март се очекуваат вакцините на Астра Зенека. Како што рече, тој би се вакцинирал со било која вакцина која би била достапна кога би дошол неговиот ред, вклучително и со кинеската.

Advertisements

-Немам резерва кон ниту една вакцина, граѓаните треба да бидат уверени дека сите вакцини се безбедни и ефикасни. Се работи за глобален проблем со обезбедување на вакцини, кој го имаат Австрија, Германија и други држави. Ние ќе бидеме меѓу првите земји кои во еден момент ќе обезбедат вакцини за најголем дел од населението – истакна Филипче

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button