Филипче: Сите вакцини штитат 100% од смртен исход и тешка форма на болеста

Сите вакцини коишто се досега произведени овозможуваат 100% заштита кога се работи за превенција од смртен исход поради ковид-19 или тешка форма на болеста, тврди министерот за здравство, Венко Филипче. Запрашан дали би била потребна и трета доза од вакцината на „Синофарм“, откако во светот беа регистрирани случаи на лица вакцинирани со таа вакцина кај кои и по ревакцината нема појава на анти-тела, Филипче со одговор:
„Како ќе излегуваат публикациите коишто ќе бидат резултат на сознанија во врска со анализите, така и ќе се поставиме. Точно е дека за некоја вакцина има детекција на анти-тела порано, за некоја нешто покасно, но кога се анализира ефикасноста и како тоа ќе се манифестира на целата пандемија, мислам дека допрва ќе видиме. Но, 100% е ефикасноста на сите вакцини коишто се во моментот на располагање, во смисла на заштита од тешка форма на болеста, односно смртен исход“, рече Филипче.