Филипче следната недела ќе повика на лидерска средба

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче најави дека идната недела ќе свика лидерска средба на која ќе го обелодени неговиот план за реформи, почнувајќи од правосудството, образованието, до агендата за интеграција во Европската унија. Реформите, според Филипче, треба да бидат суштински.
„Размислував во изминатиот период и денови и следната недела ќе повикам на средба на лидерите во Собранието, на лидерите на најголемите политички партии, на кои сакам да им го претставам мојот план за тоа што мислам дека треба или имаме обврска да го направиме за државата. Оставајќи ги на страна сите коалиции на страната на опозицијата и власта. Да се направи она што е суштинско, да се направат вистински реформи во судството, да се промени здравствениот систем, да се започне со изградба на клиничкиот центар, да се направат фундаментални промени во образовниот систем, да се удвои приходот на наставниците, да се осигураме дека нашите деца ќе имаат добро образование, да се направи дефинитивна промена во системот на јавната администрација”, рече Филипче.