ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Филипче со критики за состојбата во здравство

Филипче со критики за состојбата во здравство

Лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче во интервју за Радио Слободна Европа нагласува дека актуелната власт води неодговорни политики во здравството. Според Филипче, кој претходно ја извршуваше функцијата министер за здравство, системот не функционира, а доказ за тоа се немањето терапии за болните од рак, поставувањето несоодветни кадри на раководни позиции и долгите листи на чекање за добивање здравствени услуги .

Advertisements

Брза беше реакцијата на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, која преку соопштение нагласи дека во времето на СДСМ, кога Филипче раководеше со Министерството за здравство, луѓето се лечеа со собирање донации од граѓани. Според ВМРО-ДПМНЕ, немало ден да не биде споделен апел за помош на социјалните мрежи за да му се помогне на заборавен од здравствениот систем.

„Ако некој треба да одговара за состојбите во македонското здравство, тоа се само СДСМ и Венко Филипче како поранешен министер за здравство. Имаа време од седум години на власт да направат нешто за подобрување на здравството. СДСМ и Венко Филипче можеа, но не направија ништо за да обезбедат соодветни услови ниту за пациентите, ниту за здравствените работници. Тие потрошија седум години само на тендери за нивните омилени фирми, од кои потоа, најверојатно, добиваа одреден процент„, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Здравствениот систем со години е една од најслабите алки во системот. Недостиг на кадар, немање терапии, лоши услови и долго чекање се проблемите со кои се соочува овој сектор./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button