ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Филипче: Во јуни ќе пристигнат 500.000 вакцини „Синовак“ и 100.000 „Фајзер“

Последната најава преку Kинеската амбасада вчера и денеска е дека 500.000 вакцини од „Синовак“ треба да стигнат на почетокот на следниот месец, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Во јуни, како што дополни Филипче, се очекуваат 100.000 вакцини „Фајзер“ преку Ковакс системот, а се уште ја немаме динамиката за пристигнување на вакцините од овој производител преку директниот договор. Има некои најави за пристигнување повторно преку претставници од Руската амбасада за руската вакцина до крајот на мај, не ни се потврдени, и оваа динамика на пристигнување на 10.000 вакцини Фајзер, преку нашиот директен договор и системот Солидарност од ЕУ секој понеделник до крајот на мај, рече Филипче.

Тој не очекува политизација на испораката на вакцините „Спутник“ од Русија по вчерашното протерување на руски дипломат од држава.

-Немам таква информација, во ниту еден момент за време на бројните средби, а и сега телефонските разговори што ги имам со рускиот амбасадор нема никаква најава за политизација на прашањето, ниту беше така на почетокот, ниту е сега, останува да видиме. Последните најави се дека ќе стигне одредена количина до крајот на мај, ќе видиме дали е така. Ние бевме една од земјите која чекаше најмалку временски од моментот на нарачка до стигнување на првата количина. Останува да видиме, изјави Филипче. После вчерашниот ден немал комуникација со амбасадорот, но од досегашната која посочи дека била навистина коректна не очекува такво нешто.

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button