ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Филипче за 6 месеци Влада обвини за партизација и создавање етнички тензии

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, обвини дека ВМРО ДПМНЕ повторно ја заробува државата и клучните институции, посебно судските и безбедносните.
Филипче, во своето обраќање на прес-конференција по повод шест месеци од формирањето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ја осуди стратегијата на владејачките партии која, според него, користи етнички тензии за да ги одвлече вниманието на граѓаните од сериозните проблеми со кои се соочуваат.
Филипче рече дека Владата на ВМРО ДПМНЕ потфрлила во сите сектори значајни за граѓаните,меѓу кои економијата, образованието и здравството.
Ајнур Бафќари