ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Филков: Готови се измените на законите за Судски совет и Јавно обвинителство

Сите закони кои се дел од реформската рамка се подготвени и се во финална фаза на усвојување, додека, пак, за речиси две третини од нив изработено е целосно ново законско решение, информираше денеска на прес-конференција, министерот за правда Игор Филков.

Како што посочи тој, веќе е изготвен предлог-законот за Судски совет, за кој рокот за носење е во јуни годинава и истиот е веќе доставен за мислење до Венецијанската комисија.

Advertisements

„Прецизно се уредува постапката за разрешување на претседател на Судскиот совет која се поведува по образложено барање на најмалку четири члена на Советот со право на глас. Се предвидува јавност во постапката и таа не смее да биде исклучена во ниту еден случај. Одлуката за разрешување се носи со најмалку осум гласа. Појаснување на поимот истакнат правник, се подразбира дипломиран правник со најмалку 15 години работно искуство. Зајакнување на легитимитетот на процесот и постапката за избор на членови на Судски совет од редот на судиите“, рече Филков кој нагласи дека клучните новини се засновани на предлозите од Оценската мисија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button