ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Филков: Ја разбирам нервозата на Лога, понатамошниот дијалог ќе се води преку надлежните органи

Ja разбирам неговата нервоза, но понатамошниот дијалог ќе се одвива преку надлежните органи.
Ова беше кусиот коментар на министерот за правда Игор Филков во врска со вчерашната изјава на неговиот претходник Кренар Лога, кој негираше дека по завршетокот на својот мандат со себе ја зел документацијата од Оценската мисија на ЕУ, како што обвини актуелниот шеф на Правда.
„Сè што имав да кажам во врска со работата на мојот претходник, кажав вчера и стојам зад тоа. Ја разбирам неговата нервоза, но понатамошниот дијалог ќе се одвива преку надлежните органи“, изјави денеска Филков одговарајќи на новинарско прашање.