ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Филков ја разреши судиката која му судела на возачот што ја прегази Фросина од членство во работната група на Министерствто за правда

Министерот за правда Игор Филков денеска информира дека донел одлука да ја разреши од членство во работната група за измени на Кривичниот законик судиката која која му судела на возачот што ја прегази Фросина Кулакова, со цел како што рече, да не се дискредитира процесот што е започнат за суштинските реформи во правосудството, со кои нема да се дозволи неказнивост и недопирливост.

Advertisements

-Денес се обраќам не како министер за правда туку како граѓанин и родител. Ги повикувам судовите во сите инстанци и Судскиот совет да преземат дејствија со кој ќе се преиспита целиот случај со прерарно загината Фросина. Истовремено денеска донесов одлука да ја разрешам од членство во работна група во Министерството за правда судијата чие име ја бранува јавноста. Судијата беше дел од работната група која е формирана во декември 2020 година за измени на Кривичниот Законик и беше дел од оптимизираната работна група за брзите измени на Кривичниот законик со кој очекуваме да се отстранат штетните последици предизвикани со измените во 2023 година. Ова го правам со цел да не се дискредитира процесот кој што е започнат за потребните суштински реформи во правосудството. Загриженоста ја упатувам затоа што сметам дека крајно време е надлежните институциите да покажат дека се подготвени да преземат мерки со цел лоцирање на виновниците и нивна евентуална одговорност. Одговорност мора да се утврди и тука нема компромис. Граѓаните очекуваат правда, а институциите се должни да испорачаат брзо правично и транспарентно, рече Филков на денешната прес-конференција.

Овој случај, додаде тој, е само потврда на податоците за оценка на работата на судовите презентирани деновиве дека брзината на постапувањето и корумпираноста  беа детектирани како најголем проблем на судството со најниска оценка.

-Непостапувањето и спороста отвара можност утре да имаме исти или слични случаи. Апелирам до сите политички члинители во државата да не се обидуваат овој несреќен случај да го злоупотребуваат за дневнополитички цели. Правосудниот систем мора да се менува од корен, однадвор, но и одвантре. Нема да дозволам неказнивост, но и недопирливост, рече Филков.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button