ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Филков: Освежување на комисијата за помилување

Филков: Освежување на комисијата за помилување

Одлуката за помилување од страна на претседателот не може да се укине. Право на такво нешто има само странката која поднела барање за помилување, или кој е помилуван. За друго решение нема законска одредба. Имено, Министерството за правда, кое со затворнеи очи даде позитивно мсиелње за сите имиња, не може да бара укинување на одлуката. Министерот за правда, Игор Филков се чини дека има најголема огорченост кон комисијата.

Advertisements

И покрај реакциите во јавноста и критиките на експертите, Филков вели дека Институтот за помилување не треба да се злоупотребува за политички цели.

Од кабинетот на претседателката молк.. Кабинетот на Гордана Силјановска и денеска немаше одговор за одлуката за помилување, за образложението на помилуваните личности и за ефектот врз јавностаод ваквата одлука. СДСМ побара од Силјановска да не се крие зад Комисијата туку да излезе и да ја оправда својата одлука. Имињата кои кренаа прашина се Шенол Маслани, кој пред пет години беше уапсен за дрога, напад на полицаец и оружје. Акиф Равмановски од Арачиново, кој е дел од криминалната група „Барон“ осуден за недозволено поседување оружје. Но Равмановски само 1 ден уживаше во помилувањето. Полицијата вчера го приведе во врска со инцидентот на 14 октомври пред општина Чаир. Според полицијата, тој пуукал во 35-годишен маж. Полицијата поднесе кривична пријава за убиство во обид. Помилуван е и Владимир Талевски, поранешниот градоначалник на општина Битола, кој доби затворска казна откако беше прогласен за виновен во случајот „Транспортиер“ кој се однесуваше за злоупотреба на превозот на ученици во Битола./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button