Филков се појави во јавноста, но за партиски активности
Филков се појави во јавноста, но за партиски активности

Не ни е целта да бидеме естрадни уметници туку да испорачаме за граѓаните, одговори министерот за правда Игор Филков на новинарско прашање од Алсат зошто толку ретко се појавува во јавноста и зошто не ги коментира секојдневните случувања во правосудството. Филков денеска имаше партиска пресконференција во име на Движењето ЗНАМ на која освен за партиските активности, одби да одговора на прашања поврзани со неговиот ресор – Министерството за правда.
„Уште еднаш ќе ве замолам да се стрпиме уште некој ден за брифингот во Министерството за правда –
Ние во Министерството за правда напорно работиме веќе една година и работиме на процеси коишто не бараат публицитет него бараат истрајност и резултати. Секој пат кога имаме што да кажеме излегуваме во јавност, но не со цел да бидеме естрадни уметници, него тоа што сме го ветиле на граѓаните да им го испорачаме и тоа го правиме„, рече Игор Филков, претседавач на централен одбор на ЗНАМ и министер за правда.
На прес конференцијата беше присутен и Никола Мемов – задолжен за односи со јавноста во ЗНАМ кој во одбрана на својот партиски колега, прашањата на новинарите за правосудството ги нарече тенденциозни. Филков најави брифинг за новинарите следната недела на кој рече дека ќе бидат обелоденети сите активности на Министерството за правда во делот на правосудството. На овој брифинг се очекуваат и одговори за тоа што ќе се случува и со новите закони за судски совет и совет за јавни обвинители а коишто според реформската агенда на земјава треба да бидат усвоени. За новиот закон за судски совет беше најавено дека ќе доцни меѓутоа се уште не се познато до кога. Откако Игор Филков стапи на функцијата министер за правда минатата година, јавноста ретко имаше прилика да слушне што се планира во правосудството, – секотр кој останува со најмала доверба кај граѓаните од само два проценти./Алсат.мк
Михаило Донев