ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Филков за Коцевски:Постапката не е завршена ако Советот на ЈО даде негативно мислење

Филков: Постапката за Коцевски не завршена ако Советот на ЈО даде негативно мислење

Доколку Советот на јавни обвинители даде негативно мислење по предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Коцевски, тоа не значи дека постапката е завршена. Министерот за правда Филков, во интервју за МКД .мк, вели дека секое мислење на Советот на јавни обвинители е важно за оваа постапка, но потенцира дека Министерството за правда и Владата нема да се водат исклучиво од мислењата на едно тело доколку, како што вели, се поддржат поединци кои не го извршуваат својот мандат професионално.

Advertisements

Одлуката за разрешување на Коцевски, како што рече Филков, не беше лесна, но исправна. Министерот за правда рече дека државниот обвинител направил сериозни грешки во вршењето на својата функција. Во образложението на Министерството за правда вчера, за разрешување на Коцевски беше споменат судирот на интереси како и сомневањата за пристрасност во неговата работа. Во меѓувреме, против Коцевски е поднесена кривична пријава од страна на високиот јавен обвинител Цветановски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button