СПОРТФУДБАЛ

Финалето од Купот на Македонија, после една година се враќа на “Тодор Проески”

Финалето од Купот на Македонија помеѓу екипите на Тиквеш и Воска и официјално ќе се одигра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Оваа информација ја соопштија од кавадаречкиот прволигаш, иако ФФМ не ја потврди, сепак стадионот веќе е внесен во Комет системот, со што и официјално е потврдено дека трофејот после една година пауза повторно ќе се додели на нашиот најголем и најубав стадион.

Advertisements

Од Тиквеш информираат дека натпреварот ќе се игра со почеток во 19 часот, термин кој се уште не е потврден од ФФМ. Веројатно се уште трае усогласувањето со МТВ околу директниот пренос од финалето.

Минатата сезона трофејот го освои екипата на Македонија ЃП, откако во финалето го совлада составот на Струга на пенали, во меч кој се играше на тренинг центарот на ФФМ „Петар Милошевски“. Трофејот оваа сезона не само што ќе има нов сопственик, туку и ќе ја имаме 15-тата екипа кој ќе го освои Купот на Македонија, со оглед на тоа дека Тиквеш и Воска се дебитанти во финалните натпревари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button