Финални разговори за датумот за избори

Утре во 12 часот во Собранието ќе се одржи лидерската средба што ја свика премиерот Димитар Ковачевски. На средбата ќе учествуваат сите политички партии застапени во Собранието, а епилог од средбата треба да биде договорот за парламентарните и претседателските избори. Во понеделник не се очекува да има дефинитивен датум за избори, бидејќи премиерот Ковачевски пред неколку дена изјави дека средбата ќе биде за да се видат принципиелните ставови на партиите, а датумот ќе биде одреден меѓу работните групи во Собранието.
ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи со следните позиции – ќе бара укинување на техничката Влада и одредување датум за парламентарни избори. Партијата на Христијан Мицкоски бара парламентарните избори да се одржат во ист ден со вториот круг од претседателските избори. Македонската опозиција претходно изјави дека е потребно да се води сметка за верските празници кои ќе бидат во април и почетокот на мај.
Парламентарното мнозинство ќе бара да се најде консензус за интервенција во Изборниот законик за да се вклучат препораките на ОБСЕ-ОДИХР. СДСМ се за избори во мај, но нејзиниот лидер Ковачевски изјави дека во моментов нема политички консензус во парламентарните партии за барањето на опозицијата за укинување на техничката Влада. ДУИ во меѓувреме оди со идеја да добие гаранција, а можеби дури и да го открие името на кандидатот за технички премиер. Според договорот меѓу Ахмети и Заев, по изборите во 2020 година последните 100 дена од мандатот на Владата премиерот треба да биде предложен од ДУИ. Но нема информација дали ќе има трампа со СДСМ, доколку некој носител во извршната или законодавната власт од ДУИ го презеде премиерското столче.
На лидерската средба ќе учествува и Алијанса за Албанците, за кои не се знае дали ќе ја отворат темата за предложениот закон за амнестија и потфрлувањето на другите ветувања на Алијанса за речиси една година колку е и дел од власта. На средбата беше поканет и Скендер Реџепи како лидер Движењето Народот, како и Аријани Хоџа како лидер на Европската демократска партија. Поканета е и партијата Левица која го потврди своето учество на средбата.
Последната средба на лидерите со формат на парламентарните партии се одржа во ноември минатата година.
Адриан Керими